Намален бројот на грипосани во Македонија
Во текот на 13-тата недела од 2014 година во Македонија пријавени се 677 новозаболени на групни пријави за заболени од грип, што е намалувaње од 41,6% во однос на минатата недела и 50,4% намалување во споредба со бројот на заболени во 13-тата недела минатата сезона (Графикон 1). Во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, се бележи зголемување за скоро 2 пати.
Во сезоната 2013/2014 вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 28.228. Во споредба со истиот период од минатата година, постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи во сезоната за 20,7%, а во однос на просекот за 10-годишниот период се регистрира зголемување за 58,8%. Во текот на 13-тата недела нема регистрирано смртен случај асоциран со инфекција со вирусот на грип, а вкупниот број на починати лица во оваа сезона останува 12. Дистрибуцијата на заболените од грип по месеци, покажува дека во февруари се пријавени најголем број на случаи со симптоми на грип - 50,6% од вкупниот број во целата сезона. Во јануари регистрирани се 24,1% од заболените, а во март – 21,5%.
Во текот на 13-тата недела од 2014, до вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РМ пристигнати се 3 материјали за тестирање на грип, од кои 2 биле позитивни. Докажани се нетепизиран инфлуенца А вирус, како и инфлуенца Б вирус.
Од почетокот на сезоната 2013/2014, во оваа лабораторија се пристигнати вкупно 200 хумани материјали, од кои 124 или 62,0% биле позитивни на вирусот на инфлуенца.
Од позитивните, 89,5% материјали се конфирмирани како инфлуенца А, а кај 10,5% е докажано присуство на инфлуенца Б вирусот.
Од инфлуенца А позитивните, 17,1% се конфирмирани како инфлуенца A/H1N1pdm 09, 34,2% материјали се позитивни на инфлуенца А/H3N2, а 48,7% се нетипизирани инфлуенца А вируси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа