Никола од "Доктори" ќе загуби година на училиште поради Икс-Фактор?
По големото финале на Икс-Фактор на кое победи македонската гордост Даниел Кајмакоски, Кристина Ковач се огласи за своите Доктори.
- Утре конечно ќе се видам со моите момци, ДОКТОРИ! За жал, иако сите беа во план, Никола за малку ќе го бутнеа на класен испит, па се труди да не изостанува, но мислам дека ќе му се јавиме преку Скајп, кога ќе бидеме заедно. Едвај чекам, многу ми недостасуваа. Планови, планови, планови, напишала Ковач на Фејсбук.
Па, се надеваме дека Никола нема да ја загуби годината поради обврските на Икс-Фактор.
03.04.2014 - 11:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа