Почина петгодишно детенце- мајката го предозирала со сол

 

26-годишната Лејси Спирс се клевети дека намерно го предозирала својот син, односно дека го хранела со пресолена храна при што тој се предозирал од натриум и завршил во болница.

Њујоршката полиција започна истрага под сомневањата дека мајката го отрула  својот 5-годишен син со големо количество  на сол.

Гарнет Спирс почина во јануари во болницата каде што го довела 26-годишната мајка Лејси Спирс поради силни болки во стомакот.

Докторите откриле дека  се работи за цревни вируси.  Состојбата на Гарнет постојано се  влошувала и тој почина четири дена подоцна.  Како причинител за смртта се зема големото количество на натриум пронајдено во телото, поради што полицијата и докторите се сомневаат  дека неговата мајка го предозирала детето со сол.

Целата куќа била пребарана и целата храна што била пронајдена во домот била запленета како доказ. Испитани биле членовите на семејството и пријателите и дознале  дека Гарнет во својот краток живот во болницата бил 23 пати.

Полицијата и експертите се обидуваат да утврдат дали Lacey страда од некакво психичко нарушување бидејќи обично родителите со такви заболувања намерно сакаат  да ги повредат нивните деца за да привлечат внимание.

03.04.2014 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега