Милош Земан: Косово е држава со силно влијание на мафијата и дрогата

За време на официјалната посета на Белград, актуелниот чешки претседател, Милош Земан, зборувајќи за Косово рекол дека тоа е држава со силно влијание на мафијата и на дрогата, јавува дописникот на МИА од Тирана, повикувајќи се на албанските медиуми.

- Во моментов се повторува уште еднаш ОВК. Тоа е аргумент дека Косово, кое не е признато од многу држави е една чудна земја. Косово е една држава со силно влијание на мафијата и дрогата, изјавил Земан.

Според Земан, формирањето на вооружени сили на Косово не е ништо повеќе туку единствено повторно вооружување на ОВК, која носи одговорност и за многу терористички акти.

- Бидејќи ОВК за време на војната во Југославија изврши серија терористички акти, се плашам дека независната војска на Косово нема да биде ништо друго туку вооружена ОВК, изјавил Земан, додавајќи дека дел од мировниот договор било и распуштање на ОВК.

Истата оваа изјава на Земан албанските медиуми ја оценуваат како скандалозна, од која јавноста останала вчудовидена.

03.04.2014 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега