Конечно добри вести за Шумахер!

 

Менаџерката на седумкратниот шампион во Формула 1, Михаил Шумахер, кој со месеци се наоѓа во кома откако доживеа страотна несреќа на француските Алпи, изјави дека постојат јасни знаци кои даваат надеж дека легендарниот возач ќе се опорави и ќе ја добие и оваа битка во животот.

- Ќе повторам уште еднаш. Постојат јасни знаци кои ни даваат надеж дека Шумахер ќе биде добро, велименаџерката, а оваа вест дефинитивно го израдува светот.

Оваа информација од страна на менаџерката доаѓа откако во последно време се почесто се појавуваат црни прогнози околу Шумахер. Според последните информации, било јасно дека тој нема да се опорави и светот се подготвуваше за најлошото.

03.04.2014 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега