"Целата кутија беше со крв" - пронашла новороденче во депонија

 

Една жена од Казахстан излегла на прошетка, но не ни очекувала дека ќе и се случи нешто што ќе и го промени животот. Се работи за 69-годишната  Камила Мусабекова која поминувајќи покрај депонија, слушнала некакви крици коидоаѓале од една фрлена кутија.

Иако на почетокот жената помислила дека се работи за куче-скитник, отишла до кутијата и се шокирала. Во внатрешноста на кутијата имало штотукуродено бебе. Таа веднаш го однела бебенцето во болница за кое лекарите откриле дека е старо само неколку часа.

- Секогаш излегувам на прошетка, но не ни очекував дека ќе се случи вакво нешто. Ова е дар од Бога, затоа и детето го крстив Чингиз, што значи дар од Бога. Откако слушнав крици мислев дека е куче, но потоа видов мало бебенце. Бебето беше потполно голо, без ќебенце, оставено во депонијата, вели жената.

Кутијата била цела со крв бидејќи детето билоштотуку родено. За среќа бебето не е повредено, но доколку жената не го нашла навреме можело дадојде до голема трагедија.

Женат поднела барање за посвојување на детенцето кое родителите го оставиле само во кутија.

 

03.04.2014 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега