Верски лидери апелираат: Гласањето да помине мирно, демократски и слободно
Поглаварите на верските заедници во Македонија ги повикуваат своите верници, како и сите граѓани, нивното загарантирано со Уставот право на глас, на претстојните редовни претседателски и вонредни парламентарни избори, да го искористат според своето убедување, достоинствено, одговорно и мирно и со богоугодно и човекољубиво однесување.
Во соопштението потпишано од поглаварите на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, на Исламската верска заедница, на Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската верска заедница, се наведува дека сите имаме одговорност за иднината и просперитетот на државата: - Затоа, да потврдиме дека сме земја и луѓе со демократски и државотворен капацитет, со меѓународни принципи, но пред сè следбеници на вистински религиозни и духовни вредности. Слободата на изборот е основно човеково право, кое не е само придобивка на современото демократско општество, туку е фундаментален дел и од учењето на секоја религија, стои во соопштението.
Во соопштението стои и дека ниту една религија во светот не повикува, не проповеда човекот да излезе од рамките на својата егзистенцијална матрица, односно од својот идентитет на добро, разумно и културно битие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа