Два последователни земјотреси во Чиле- бранови и цунами го погодија крајбрежјето
Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер го погоди северниот дел на Чиле. По првиот, регистриран е и втор земјотрес со интензитет од 7,6 степени.
Чилеанското крајбрежје по вторичниот потрес беше погодено од цунами бранови до еден метар, соопштија поморските сили на земјата.
Центарот за предупредување од цунами во Тихиот Океан објави дека брановите достигнуваат висина од 0,7 метри.
Тревогата за опасност од цунами во Чиле и Перу веќе е откажана.
Како што соопштија чилеанските власти се уште нема информации за жртви и разурнувања по силниот вторичен потрес.
Потресот бил регистриран синоќа во 23.43 по локално време јужно од градот Икике.
Чилеанската претседателка Мишел Бачелет беше евакуирана од крајбрежниот град Арика по силниот земјотрес што со интензитет од 7,8 степени го погоди северниот дел на Чиле.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа