ВНИМАВАЈТЕ: Летаат казни за несовесни возачи - еве што се случувало вчера на скопските улици

ПОлицијата демне на скопските улици. Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција беа откриени и санкционирани седуммина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, како и шестмина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Преземени се мерки и кон 26 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, деветмина возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото, како и 16 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила на автобуските стојалишта, пешачките премини и во зона на крстосница.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 17 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот како на возилата така и на пешаците.

Во текот на вчерашниот ден се случиле и 17 сообраќајни незгоди.

03.04.2014 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа