Авион сo 118 патници излета од пистата на аеродромот во Њујорк
Авионот„МекДонал Даглас Ем Ди-88“ со 118 патници и петчлен екипаж изврши принудно слетување во Њујорк при што излета од пистата.
Авионот на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ извршувал лет од Атланта за Њујорк. Кога почнал да се спушта кон аеродромот „Ла Гвардија“ за слетување, индикаторот во пилотската кабина сигнализирал за проблем во хидрауличниот систем, кој контролира многу други системи, вклучувајќи ги и сопирачките.
Авионот бил пренасочен кон меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ затоа што тој има подолги писти. Кога се движел кон излезот, авионот излетал од пистата и запрел на тревата.
Според досегашните информации нема повредени во инцидентот
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа