Жребување за редоследот на листите за пратеници
Државната изборна комисија денеска треба да се изврши жребување за редоследот на листите на гласачкото ливче.
Во изборната единица каде нема да има свој претставник, соодветниот број на подносителот на листата ќе биде изоставен, а на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање празно место. Листите на кандидати предложени од коалиција предводена од една иста политичка партија, без разлика на бројот на политичките партии во коалицијата во различни општини односно изборни единици, имаат ист реден број во сите општини, односно во сите изборни единици.
ДПА има поднесено листи за ИЕ 1,2,3,5,6,7 и 8, НДП за ИЕ 1,2,5,6 и 7, ПДП само за Шестата изборна единица, коалицијата За позитивна Македонија во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6, коалицијата Достоинство за Македонија во ИЕ 1,2,3,4,5,6 и 8, ВМРО-НП во ИЕ 1,2,3,4,5,6, НДМ во ИЕ 1,2,3,4,5, СДСМ и коалицијата во ИЕ 1,2,3,4,5,6,7,8 и 9, СДПМ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6, ПЕП во ИЕ 1 и 2, ПЕИ во ИЕ 1,2,5 и 6, коалицијата ГРОМ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во ИЕ 1,2,3,4,5,6,7,8 и 9 и ДУИ во ИЕ 1,2,3,4,5,6,7,8 и 9.
Меѓу 1.402 кандидати за пратеници на листите нема ниту еден соработник со тајните служби, соопшти вчера Комисијата за верификација на факти.
Инаку, до утре ДИК треба да го достави избирачкиот список до политичките партии, кои имаат рок од пет дена до Комисијата да испратат барања за запишување, дополнување и бришење податоци. ДИК треба да го потпише заклучениот Избирачки список најдоцна до 17 април.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа