Повеќе од 70 тони марихуана запленета во Албанија чека на уништување

Повеќе од 70 тони марихуана што се наоѓа во три државни магацини во Албанија чека на уништување. 

Вредноста на дрогата е над 25 милиони долари, но доколку таа не беше запленета од полицијата и се продаваше на пазарот може да достигне вредност од 280 милиони долари, онолку колку што приближно изнесува двегодишен буџет на Министерството за внатрешни работи.

Останата заплената дрога се чува во помала просторија, а тука има и кутии со кокаин. Еден грам кокаин е приближно еднаков на една месечна пензија во селата на Албанија.

Според албанскиот закон запленетата дрога не може да се уништи додека трае судскиот процес, а цели петнаесет години ќе остане во магацините доколку не е познат шверцерот.

Наредба за уништување на дрогата дава Обвинителот, кој единствено е овластен да се отвори некој од магацините.

Освен палењето на дрогата на отворен простор таа се уништува и во посебна печка за тоа, што на албанската полиција и ја даруваше британската полиција, а со која се запазуваат сите параметри на земјите членки на ЕУ за уништување на дрога.

Деновиве полицијата, на отворен простор, уништи 8,2 килограми хероин, 1,3 килограм кокаин и 1570 килограми марихуана.

03.04.2014 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега