Иванов во Делчево: Создаваме амбиент во Македонија добро да се живее
Навистина е чест и гордост да се биде во градот кој го носи името на Гоце Делчев, име кое не обврзува и име кое бара почит, но не е само Гоце Делчев, тука бил и Дедо Иљо Малешевски, и војводата Беровски, но тука е и славно Разловци, затоа сме горди што сме денес тука, порача Иванов од Делчево, каде граѓаните масовно се собраа да му ја дадат својата поддршка за втор мандат за шеф на државата.
Посочи дека неодамна бил низ неколку населени места на Делчево и бил сведок на тоа што оставила транзицијата во Македонија, и кои се последиците од, како што рече, недомаќинското работење.
-Имав средба и со бизнис заедницата од Делчево, разговаравме за траумите оставени од недомаќинското работење, за толку луѓе оставени сами да се снаоѓаат во животот, ги гледавме земјоделците кои биле оставени со години сами да наоѓаат решенија за своите предизвици. Но видовме и што значи кога се работи посветено, кога се делат сувбенции, видовме што значи кога се посветува внимание на Источна Македонија, кога се градат патишта и кога се пробива автопат, кога се создава инфраструктура да можат да доаѓаат странски инвеститори. Видовме што значи и кога се прави универзитет во Источна Македонија и кога се отвараат фабрики низ Македонија, рече Иванов пред делчевчани.
Но за да се дојде до ова, нагласи Иванов, биле потребни години и години за да се спроведат реформи и да се променат мнигу закони и да се настапува единствено.
-И јас како претседател и премиерот и министрите секаде да кажеме дека во Македонија се создава амбиент и за странски инвестиции и подеднакви услови за домашните бизнисмени. Сето тоа не остана незабележано, гледаме како се отвараат фабриките низ Македонија, како се вработуваат луѓето. Во услови на најтешка криза, дојде една малда екипа на чело на Македонија предводена од премиерот Груевски и почна да ја менува Македонија, кога сите големи економии тешко се справуваа со предизвиците од кризата од 2008 година, во Македонија се отворија 120.000 нови работни места, се отворија многу индустриски зони, а сето тоа придонесе економијата да расте, посочи Иванов.
Тој доаде дека кога економијата во една држава расте, растат и платите и субвенциите и пензиите и стипендиите.
-Останува уште многу работа, особено Делчево, на делчево му требаат нови работни места, му тербаат инвестиции, нови фабрики и погони. На Делчево му терба младите да остануваат тука, да работат и да живеат со свој труд и со свој ум. Затоа сме посветени особено на Источна Македонија, нагласи Иванов.
Тој рече дека многу од граѓаните кои од овие краишта се иселиле од Македонија би се вратиле кога би знаеле дека можат и тука добро да живеат.
-Ги создаваме сите услови и создаваме амбинет во Македонија добро да се живее. Тоа го покажавме и во кавадраци, во една фабрика 4.000 луѓе се вработија, најголемата фабрика во Македонија Дрексел и Мајер, кога одиме покрај Бунарџик ги гледаме фабриките кои с енаправени ги гледмае резултатите, не само што се вработуваат луѓе туку се извезува од Македонија, рече Иванов.
Трговската размена Македонија-Чешка, нагласи, е веќе 250 милиони евра, доадавјќи дека Македонија има 170 милиони евра извоз во Чешка.
-Наша стратешка цел е да бидеме во НАТО и да бидеме во Европската унија. И таму посветено работиме. Покрај сите блокади не се откажуваме. И затоа и добивме пет позитивни извештаи од Европската комисија. За сите реформи што се направени во Македонија, за сите закони кои се донесени да обезбедат европски амбиент во Македонија. Добивме и пет препораки за да ги почнеме преговорите. Но, го знаете проблемот со јужниот сосед. Односно, проблемот што нашиот јужен сосед го има со нашето име. Ние немаме проблем. Знаеме кој сме. Исто беше и во НАТО. Во НАТО ги исполнуваме сите стандарди и нашите војници се секаде каде што се поканети во мировни мисии од страна на НАТО. Учествуваме со највисок процент во земјите што имаат најголем удел во операциите на НАТО според бројот на жители. И секаде нашите војници се наградувани, од нашите партнери, од нашите сојузници, затоа што се подготвени за сите предизвици, рече Иванов пред делчевчани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа