Ѓорчев: Ќе донесеме инвеститори- владата и Иванов стојат зад Делчево
-Почитувани пристуни се обраќам и кон членството на партиите на коалицијата „За подобра Македонија“, но особено се обраќам кон неопределените, кон луѓето кои размислуваат како ќе гласаат, кон луѓето кои чекаат да видат што ќе се случи, кои што ги чекаат аргументите. Сакам да им порачам дека знаеме кои се проблемите на граѓаните на Република Македонија, тие се поврзанни со невработеноста , економските прашања и животниот стандард, посочи Ѓорчев пред делчевчани.

Тој додаде дека за да има во Македонија инвестиции и отварање на нови работни места што се насушна потеба на многу семејства, за да има стабилност мора да имаме претседател. Посочи дека не смееме со својата пасивност и негласање на 13 и 27 април да го додведнме под прашање изборот на претседател на Македонија. Во тој случај единствено Македонија, од 200 семји во светот, ќе биде држава без претседател.
-Некој и посакува на Македонија да не избере претседател и да биде во политичка криза, во економска криза, во институационална криза. Но тука од источна Македонијa, ние велиме дека Македонија ќе избере претседател, ние велиме дека граѓаните ќе излезат на гласање. Граѓаните на Македонија ќе гласаат за Ѓорге Иванов! Еден за сите и државата пред се, порача Ѓорчев пред граѓаните на Делчево.
Ѓоргев изјави дека граѓаните на Македонија мора уште еднаш да ги заштитат и економските интереси за да има странски инвестиции и да се отврат технолошко-индустриски зони низ Македонија и додаде дека потребен ни е тимот Ѓорге Иванов и Никола Груевски да се грижат за Македонија.
-Почитувани присутни, се грижиме за сите општини во Република Македонија. Во Велес се најави германска фабрика која ќе се гради, со 600 вработувања. Во Штип веќе работат 1200 луѓе во американска фабрика, Џонсон Контролс, а до крајот на годината и 1500. Во Амфенол Кочани 1500 вработувања во нова американска фабрика, а во холандска фабрика исто така 300 вработувања. Во Виница се гради фабрика која што ќе значи дополнителни 200 вработувања. Во Свети Николе имаме холандска фабрика каде што е готова констукцијата која ќе вработи 150, а потоа 400 вработувања.
Ѓорчев истакна дека покажале дека е возможно и дека ќе продолжат да се борат за да се донесат нови инвестиции, за да се задржи младината тука во Делчево и во Македонија. Меѓудругото тој посочи дека и Владата и Ѓорге Иванов стојат зад Делчево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа