Се огласи Кики Лесендриќ: Добро ми е само сум преморен!
На познатиот пејач и судија на Икс-Фактор, Кики Лесендриќ, му се слошило поради тоа што постојано работи со полна пареа.
Пејачот на кој му се слошило, по што се онесвестил и завршил во болница, се огласи и кажа дека му е добро, но е заморен поради напорното темпо со кое работи.
- Не ми е ништо, само ми се слоши. Бев преморен. Притисокот многу ми падна. И по Икс-Фактор продолжив напорно да работам, па само трчам од една свирка на друга. Секојдневно вежбам бидејќи пред Пилоти и учесниците на Икс-Фактор е голема турнеја. Тоа е дополнителен напор. Но, сега сум добро и се е под контрола, вели пејачот за српскиот Курир.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа