Наумоф и Ивановски на состанок на Бордот на директори на „Македонија 2025“

 

Министрите Наумоф и Ивановски денеска беа на состанок со Бордот на директори на Македонија 2025. На средбата станало збор за ддополнителните стратегии за соработка со „Македонија 2025“ кои ќе водат кон промоција на економскиот раст и развој на Македонија.

- Во текот на изминатите неколку месеци „Македонија 2025“ помогна во процесот на остварување на многу контакти со компании од приватниот сектор кои се заинтересирани за развивање на нивниот бизнис во Македонија, изјави Наумоф по средбата.

Министерот за странски инвестиции, кој воедно е и почесен член на бордот на „Македонија 2025“ за време на состанокот беше на службеното патување во Соединетите Американски Држави и Канада со цел да го промовира економскиот развој на Република Македонија.

 

02.04.2014 - 15:39
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега