Пендаровски ги повика кривопаланчани да гласаат за него
Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, денеска ги повика граѓаните на Крива Паланка да излезат на 13. април и да го дадат својот глас за него.
Пендаровски нагласи дека ќе се залага за намалување на невработеноста и решавање на проблемот со иселувањето на населението и побара од кривопаланчани да гласаат за него, за како што рече, нови луѓе и нови политики, за нова и подобра Република Македонија.
Пендаровски во текот на денот оствари средби и со пензионерите од кривопаланечко, а продолжи на средби со жителите на општина Ранковце.
02.04.2014 - 14:21
Фото:
Денешен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа