НАСА открива: Наскоро ќе дојде крајот на светот

Секогаш постоеле различни теории за крајот на светот, но овој пат исчезнувањето на индустриската цивилизација го најавуваат научници кои своите истражувања ги темелат врз моделот HANDY (Human and Natural Dynamical).

Сафа Мотешери е човекот кој го предводи проектот, тој ги индетификувал елементите кои довеле до исчезнување на древните цивилизации а тоа се: население, клима, вода, земјоделство и енергија. Кога се комбинираат тие фактори се генерираат круцијални општества, и неизбежно е да доаѓа уништвање, наведуваат научниците во нивните истражувања.

- „Недостигот на ресурси предизвикан со притисок на екологијата и економската стратификација на богати и сиромашни, отсекогаш имале централна улога во процесот на распаѓање. Барем така било во последните пет илјади години“, се наведува во истражувањето чии резултати ги пренесува британскиот Guardian.

Процесот на развој и пропаст е циклус кој се повторува во историјата“, се наведува во текстот кој ќе биде објавен во списанието Ecological Economics. Имено, експлоатацијата на неодржливи ресурси, нееднаквата распределба на богатството и прекумерното трошење на ресурсите би можеле да доведат до колапс на индустриското општество во рок од само неколку децении, предупредуваат научниците на НАСА.

Но сепак тоа може да се спречи а експертите предупредуваат намалување на економските нееднаквости за да се обезбеди праведно распределување на ресурсите, штедење на ресурсите, како и намалување на растот на населението во светот.

Извор: Точка

 

02.04.2014 - 14:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега