Тројца скопјани завршија во затворот Идризово

Тројца скопјани конечно завршија зад решетки. Се работи за 22-годишниот Серџан Д. кој се барал за издржување затворска казна во траење  од една година, за сторено кривично дело “тешка кражба”. Истиот е спроведен во Затвор – Скопје.

Вчера постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода 32-годишниот Влатко П. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење  од една година, за сторено кривично дело “тешка кражба”. Истиот е спроведен во  Затвор – Идризово, Скопје.

Исто така, вчера постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода 28-годишниот Мухамед Б. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење  од две години, за сторено кривично дело “тешка кражба”. Истиот е спроведен во  Затвор – Идризово, Скопје.

02.04.2014 - 13:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега