"Дајте ми пари и ќе си поминете незаборавно во Лондон" - скопјанка мамела граѓани

Oсновач и управител на Друштво за транспорт, туризам и конслатинг „Алекс Транс Турс“ ДООЕЛ-Скопје си заработи кривична бидејќи измамил неколку граѓани.

51-годишната Д.К. со лажно прикривање на факти и со лажно ветување дека ќе организира туристички аранжман во Лондон, иако не поседува соодветна лиценца за тоа, довела во заблуда шест лица, кои уплатиле за аранжманот во вкупен износ од 164.205 денари.

Исто така, според податоците од полицијата, пријавената измамила уште четири лица за организирање автобуски превоз на релација Скопје-Сплит-Скопје, за парични средства во износ од 17.360 денари.

Откако измамените сфатиле дека ќе останат и без превоз и без пари, случајот го пријавиле во полиција.

02.04.2014 - 12:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега