Осуммина уапсени четворица во бегство - детали за полициската акција на границата со Бугарија

Министерството за внатрешни работи во борбата против организираниот криминали криумчарењето на цигари, вчера реализираше случај на заплена на 19.480 кутии цигари во вредност од околу 40.000 евра со што е сузбиена криминална група која подолг временски период вршела прекуграничен криминал односно криумчарење на акцизна стока – цигари од Р.Македонија во Р.Бугарија. 

На почеток на акцијата од страна на униформирани полициски службеници во близина на граничен камен 62 во делот на дражавната граница на Македонија со Бугарија била поставена заседа. При обидот на полициските службеници да го сопрат теренецот марка „Форд Експлорер“ со бугарски регистерски таблици, кој се движел кон с.Панчарево, Делчево, возачот возилото го насочил кон полициските службеници со намера да ги прегази, ја пробил заседата и се дал во бегство. Во моментот на пробивање на заседата од страна на полициските службеници согласно полициските овластувања употребено е огнено оружје. По половина час потрага возилото е пронајдено, напуштено, откако неконтролирано удрило во дрво покрај патот.  Продолжено е со потрага по лицата, при што се пронајдени две лица кои претходно се дале во бегство. Станува збор за Д.К. (24) од Крива Паланка кој е пронајден во плевна во близина на с.Панчарево, додека второто лице В.П. (31) од Пехчево е пронајден во шумските предели над с.Панчарево.

На местото на настанот кај пронајденото возило извршен е увид,  и во возилото се пронадени 19480 кутии цигари и тоа 6500 кутии цигари од марката „Мерлин Слимс“ без акцизна маркица - бандерола и 12980 кутии цигари од марката „Јорк“ со македонска акцизна маркца - бандерола.

Од превземените оперативно тактички мерки и извршени криминалистичко-истражни активности, утврдено е дека организатор на транспортот на наведените цигари е Б.А. (31) од Крива Паланка. При потрагата по него, истиот управувајќи патничко моторно возило Ауди А3 со кривопаланечки таблици и обидот да биде сопрен, не застанал на две полицски патроли во Делчево и една сообраќајна патрола во Виница. Нешто подоцна, тој е пронајден и приведен во ПС Крива Паланка.

Случајот е превземен од страна на надлежен Јавен обвинител ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, по што врз основа на претходно обезбедени Наредби за претрес од надлежен Судија за претходна постапка, извршени се вкупно 12 претреси во дом и други простории, од кои 9 претреси на подрачјето на Крива Паланка и  3 претреси на подрачјето на Делчево, при што пронајдени и одземени се 40 кутии цигари –марка ЛД, 14 патрони за ловна пушка, еден автомобил Ауди А3, како и телефонски апарати и сим картички.

Во врска со случајот од слобода се лишени и задржани во полициски станици Крива Паланка и Делчево се лицата Д.К., В.П., Б.А., потоа Б.А. (23), М.Р. (23), Д.Т. (22), М.Ѓ. (22) сите од Крива Паланка како и И.Д. (25) од село Драмче делчевско.

 

Уште четири други лица не се обезбедени и истите се наоѓаат во бегство а полицијата информира дека се превземаат мерки и активности за нивно пронаоѓање. 

02.04.2014 - 12:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега