Е тоа е фудбалот: Собирале по 100 евра во соблекувалната за да го поткупат судијата

Поранешниот фудбалер на Зенит од Санкт Петербург, Норвежанецот Ерик Хаген искажа тешки обвинувања против поранешниот клуб. Тој рече дека Зенит во 2007 година стана шампион на Русија со поткупување на судии.

- Нашите 10 последни натпревари таа сезона..... О Боже сите одлуки на судиите беа во полза на Зенит. Тоа беше прилично непријатно, изјави Хаген за медиумите во Норвешка.

При тоа Хаген се осврна и на еден натпревар од Купот на УЕФА во 2008 кога фудбалерите од неговата екипа собирале пари наменети за судиите.

- Пред еден дуел ни беше кажано дека треба да собереме 3.000 евра за поткуп на судиите, а потоа ќе победиме. Јас се противев на тоа и реков дека сме многу подобри од нашите ривали. Сепак беше донесена одлука да се потплатат судиите. И јас исто така платив, рече Хаген и додаде дека две години претходно такви нешта се случувале и во ЦСКА Москва која имала голема помош од судиите на патот кон успесите во рускиот фудбал.

Од Зенит се изненадени од ваквите обвинувања кои ги презентираше Хаген.

- Нашиот клуб отсекогаш се придржувал кон принципите за фер игра. Резултатите Зенит ги остварува на терен, а не на нечесен начин, стои во реакцијата од Евгениј Гусев, одговорен за односи со јавноста во рускиот клуб.

02.04.2014 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега