Путин официјално се разведе од сопругата

Путин и официјално се разведе од својата сопруга Људмила со која беа 30 години во брак. Какошто пренесува АФП, во биографијата на Путин стоело оженет, а сега само се наведува дека Путин има две ќерки, додека првата дама воопшто не се споменува.

Минатата година парот ја шокираше јавноста со одлуката за развод. Путин тогаш изјави дека тоа била заедничка одлука.

По разводот приватниот живот на Путин е мета на озборување. Многумина го поврзуваат со поранешната гимнастичарка Алина Кабаева.

02.04.2014 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега