Само чудо го спаси од сигурна смрт - Дрвосечач се појавил во болница со моторна пила во врат

Доказ дека чудата навистина постојата.Американецот Џејмс Валентајн во понеделникот бил качен на дрво, работејќи со моторната пила ланцеот го погодил во врат. Друг дрвосечач му помогнал да се симне од дрвото, оставајќи му го ланецот со острите рабови во врат за да не дојде до  зголемување на крварењето од раната. Кога пристигнал во болница, веднаш бил опериран.

Како што  соопштиле лекарите  ланецот поради некое чудо ги заобиколил големите крвни садови и му го повредил само мускулот. Болницата во вторникот ја објавила рендгенската снимка на која јасно е прикажан ланецот во вратот на 21-годишниот дрвосечач.

 

 

02.04.2014 - 12:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега