Камерите во автомобилот за движење во рикверц стануваат задолжителни

Американската национална агенција за безбедност во сообраќајот усвои закон со кој сите нови возила на пазарот на САД од 2018 година ќе мора да имаат камера на задниот дел со цел за заштита на пешаците кои се наоѓаат зад автомобилот кога се движи наназад.

Агенцијата од 2011 година, кога првично беше планирано воведување на обврската, неколку пати го одложи нејзиното донесување.

Камерите ќе бидат задолжителни на сите нови патнички возила и камионети со тежина до 4,5 тони и ќе мора да покриваат простор зад возилото со димензии 3х6 метри.

Властите се надеваат дека новата обврска ќе го намали бројот на инциденти и повредени пешаци. Во несреќите во кои возило удира пешак при движење наназад во САД годишно умираат 210 лица, а дури 15.000 се повредени.

02.04.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега