Кој му е газда на Пендаровски?
Стево Пендаровски мисли дека народот ќе заборави на неговиот газда Бранко Црвенковски.
Претседателскиот кандидат на СДСМ на синоќешниот митинг во Делчево изјави дека претседателот не смее да има газда над себе, надевајќи се дека поради овие негови зборови граѓаните ќе заборават на неговиот газда, ментор и идол, Бранко Црвенковски, пишува Курир.
-Претседателот е избран директно од народот. Затоа тој работи согласно интересите на народот и директно нему му одговара. Тој не смее да има газда над себе, рече Пендаровски од Делчево.
И покрај ваквиот провиден обид на Пендаровски да се претстави пред граѓаните како лице кое нема “газда над себе“, сепак, ваквата изјава покажува дека потсвеста на претседателскиот кандидат на СДСМ си работи, зошто човек од сопствената сенка не може да избега.
Пендаровски повеќе од една деценија добива високи партиски и државни функции и на тие функции е именуван речиси секогаш од Црвенковски.
Исто како и во минатото, и новата фунција шеф на државата за која сега се бори Пендаровски е благодарение на Црвенковски, откако тој токму по директен налог на Црвенковски беше протуркан за кандидат на најголемата опозициска партија, без ниту еден противкандидат.
Токму Пендаровски беше претседател на ДИК кој што го верификуваше сомнителниот избор на Црвенковски за претседател на Македонија, но и претседател на ДИК во чие време се лажираше референдумот за територијална поделба во 2004, со што се нанесе штета на националните и државни интереси на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа