Загинаа двајца вработени во Комуналец додека менуваа светилка на бандера

Двајца работници на комуналната служба на Подгорица, Црна Гора загинале минатата ноќ додека менувале светилка на уличното осветлување.
Еден од очевиците за локалните медиуми вели дека работницие на јавната компанија „Расвета“ биле во возило со корпа. Во еден момент корпата допрела до еден кабел кој бил поставен ниско по што се запалила. Работниците починале на лице место. 
Полицијата го истражува случајот

02.04.2014 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа