"Ме претепуваа и силуваа со лопата" - потресна исповед на млада девојка која преживеала ужас

Би-Би-Си пренесе трогателна приказна од девојка која ја преживеала војната во Босна. Оваа тажна животна приказна ќе ви го скрши срцето.

Се работи за Босанката Лејла која за Би-Би-Си си ја отвори душата и раскажа за ужасот низ кој поминала.

- „Имав 14 години кога започна војната. Ме затекнаа во логорот каде секојдневно бев подложена на тешка физичка работа. Подоцна мене и уште три жени не одвоија од останатите и не однесоа во една куќа. Војниците пиеја, а ние им служевме како робови, по што не силуваа“, ова е почетокот на приказната на Лејла.

Научниците пак велат дека војната во БиХ создала своевидна хиерархија на трауми. Злосторствата кои се случувале помеѓу 1992 и 1995 гоина довеле до тоа сексуалното насилство да се третира како „помало зло“ од мачењето, убиството или етничкото чистење.

Девојката вели дека била тепана додека не паднала на земјата.

- „Воената полиција ме одведе во некој подрум каде ме претеаа додека не се онесвестив. Кога се разбудив еден од војниците зеде лопата, ми ја искина облеката и ме силуваше со неа. Потоа ме фрли на подот. Мислеа дека ќе искрварам. Кога ќе изгубите рака или нога, тоа е нешто што можете да го видите, но не се гледа кога ве боли душата. Можеби изгледам како карпа, но јас сум само лушпа од човек. Само лушпа…“, ја раскажува својата приказна несреќната Лејла.

02.04.2014 - 11:05
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа