Ученичка од шесто одделение е пред породување!
Центарот за социјални работи од Зајечар презема грижа за 13-годишна ученичка која е во седмиот месец од бременоста.
Како што пренесува српскиот Блиц, од училиштето велат дека девојчето веќе два месеци делувало загрижено, но мислеле дека како и секоја другатинејџерка во пубертет има некој вообичаен проблем.
- Делуваше загрижено. Вешто го криеше стомакот со широка гардероба, па никој не ја забележа дека е здебелена. Откако дознавме веднаш ги повикавме надлежните, велат за порталот од училиштето.
Инаку, девојчето живее со мајка која е невработена, поради што сега ќе биде сместено во згрижувачко семејство кое ќе се грижи за неа.
Девојчето не сака да открие од кого останала бремена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа