Mеѓународна конференција за заштита на личните податоци

Во Скопје денеска ќе се одржи 16-та по ред Конференција за заштита на личните податоци на земјите од Централна и Источна Европа.

На Конференција ќе учествуваат 30 претставници, професионалци од областа на заштитата на личните податоци од 13 национални органи за заштита на личните податоци, а ќе се дискутира за модернизација на легислативата за заштита на личните податоци, соочување со предизвиците на “биг дата”, собирање податоци преку смарт уреди, cloud computing – одговорности и предизвици за заштита на личните податоци, видео надзор на приватен имот и заштита на личните податоци во изборниот процес.

02.04.2014 - 10:05
Фото: 
Струмицаденес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега