Мистеријата за малезискиот авион нема никогаш да биде решена?!

Мистеријата за малезискиот авион од кој со недели нема ни трага може никогаш да не биде разрешена. На ова предупреди началникот на малезиската национална полиција, Халид Абу Бакар.

Засега истрагата се води во четири насоки – киднапирање, саботажа, лични или психолошки проблеми на луѓето од екипажот во авионот. Вчера беше објавен и разговорот на членовите на екипажот со лицата од контролата на летање. Разговорот траел речиси 50 минути и последните зборови од пилотската кабинат гласат: Лека ноќ, лет 370 на Малезиски авиолинии. 

02.04.2014 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега