Грците гневни: Македонија под уставно име на Европското првенство во борење
Грците повторно се разбеснија поради Македонија. Грчката делегација поднела приговор до надлежните органи на Европската боречка федерација поради тоа што нашата земја е претставена како Македонија на Европското првенство што почна вчера во Финска.
Како што јавува МИА, предводникот грчката делегација и член на Управниот одбор на грчката боречка федерација Панајотис Векрис поднел приговор до организаторот на Првенството бидејќи секористи Македонија наместо ФИРОМ:
Се уште нема одговор од организаторот, ниту има некаква објава на интернет страницата на Првенството, дали е прифатен приговорот на грчката делегација.
Инаку, Македонија на Европското првенство ја претставуваат Бобан Данов, Јасин Реџелари и Горан Атанасов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа