Попоски на министерски состанок на НАТО во Брисел

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска на покана на генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен, ќе учествува на редовниот пролетен состанок на министрите за надворешни работи на Северно – атлантскиот совет на НАТО во ИСАФ формат во Брисел.

На состанокот на кој ќе присуствува македонскиот министер за надворешни работи ќе биде разгледана актуелната политичко-безбедносна состојба во Авганистан, а воедно ќе се разменат и мислења за натамошните активности на земјите членки и оперативните партнери на НАТО по завршувањето на ИСАФ мисијата кон крајот на оваа година.

Исто така, Попоски ќе има свое излагање, на кое ќе ги презентира видувањата на Република Македонија за иднината на надворешното присуство во Авганистан по 2014 година.

02.04.2014 - 09:25
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега