Со моторциклот удрил во пешак - 12 сообраќајки во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле вкупно 12 сообраќајни незгоди во кои седум се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден мотоциклист, еден сопатник на мотоцикл и еден пешак.

Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди. Околу 12 часот и 10 минути на улицата „11 Октомври“ се искршиле мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски таблички, управуван скопјанец и пешак, исто така граѓанин на Скопје. Од незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на мотоциклот со лесни телесни повреди.

Од 1 до 7 април сообраќајната полиција на територијата на целата држава спроведува сообраќајно воспитна едукативна акција „Недела за безбедност на пешаците“. Во рамките на оваа акција сообраќајната полиција ги зајакнува своите превентивно репресивни мерки со цел подобрување на безбедност на пешаците како една од најзагрозените категории на учесници во сообраќајот. До крајот на акцијата ќе се делат едукативни флаери со едукативна содржина на пешаците, а исто така ќе се зајакнат и репресивните мерки.

Исто така, продолжува и кампањата на проектот „Вози мотор, но биди безбеден“ при што од страна на сообраќајната полиција ќе биде зголемена контролата на оваа категорија на учесници во сообраќајот и на истите ќе им се укажува на опасноста од сторениот сообраќаен прекршок и воедно ќе им биде делен едукативен материјал.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ЦОУ „Герг Кастриот Скендер бег“ на територијата на општина Арачиново и во средните училишта „Михајло Пупин“ и „Панче Арсовски“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Гази Баба. 

02.04.2014 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега