Еве каде ќе одржат митинзи денеска кандидатите за претседател

Кандидатите кои ја трчаат трката за претседател на државата, и денеска ќе одржат средби и митинзи со граѓаните во повеќе градови низ Македонија.

Ѓорѓе Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ кој се бори за втор претседателски мандат денеска ќе одржи митинзи во Македонска Каменици, Делчево и Берово и помал митинг во Пехчево, додека СДСМ, со кандидатот Стево Пендаровски ќе има митинг во Куманово, а средби со граѓани во Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричани.

Коалицијата ГРОМ,  со својот кандидат Зоран Поповски, ќе одржи митинг во Штип и средби со граѓани во Свети Николе и во Карбинци, како и посети на семејство во село Радање и на занаетчија во Штип.

02.04.2014 - 09:13
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега