Претпладне сонце - попладне дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 23 степени.

02.04.2014 - 09:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега