Тачи му испорача „шут карта“ на Села
Откако струшкиот огранок на ДПА реши да ги бојкотира изборите, лидерот на ДПА, Мендух Тачи го исклучи Села од партијата. Села беше член на претседателството и градоначалник на Струга а исклучен е и претседателот на струшкиот огранок, Лавдерим Елмази.
Одлуката за бојкот ја донел локалниот разгранок по серијата недоразбирања меѓу Села и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, околу носителот на пратеничката листа во петтиот изборен регион Зија Јонузи.
02.04.2014 - 00:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа