Пукање на македонската граница - врие полиција во источна Македонија

Голема полициска акција денеска се спроведувала на неколку локации во Источна Македонија. Како што дознава Press24 од полициски извори, станува збор за акција во која се апсела поголема група шверцери на цигари. Според нашите информации, во зелениот пограничен дел дошло и до пукање. Полициските службеници морале предупредувачки да употребат оружје за да ги запрат шверцерите кои се обидувале да побегнат со џип. Потерата завршила кога осомничените со својот теренец удриле во дрво по што биле приведени.
Од МВР ја потврдуваат деа спроведуваат голема полициска акција но не откриваат повеќе детали. Велат дека за тоа јавноста ќе ја информираат во текот на утрешниот ден

01.04.2014 - 23:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега