Албанец киднапирал стјуардеса и со неа се заклучил во тоалетот на авионот

 

28 годишен Албанец од Косово киднапирал стјуардеса за време на летот од Минхен до Будимпешта и со неа се заклучил во таолетот. Како што пишува германски Билд, киднаперот веднаш по полетувањето, скокнал од столчето и грабнал една стјуардеса и и ставил жилет под вратот. Нејзината колешка скокнала да и помогне но киднапрот и ја расекол раката. Потоа се заклучил во тоалетот а пилотите на Луфтхаза, немале друг избор па го вратиле авионот и слетале назад во Минхен откак ово воздух поминале асмо 18 минути.
Патниците и екипажот бил евакуиран додека киднаперот останл заклучен во тоалетот. Веднаш влетала полицијата. Тој на албански поставувал услови но никој не го разбрал. Според неофицијалните информации, тој бил фатен како нелегално престојува во Германија каде подоцна побарал азил но бил одбиен.  Со летот кон Будимпешта германските власти практично го депортирале од сопствената територија.

01.04.2014 - 21:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега