Иванов од Виница: Австриска компанија ќе отвори трета фабрика во Македонија
Кога светот и Европа од 2008-та беа погодени од економската криза, економијата во Македонија растеше, а кога таа расте таа, се расте, растат и платите и пензиите, субвенциите и социјалната помош, но и стипедиите. Се расте, но само невработеноста опаѓа и од 2006 се отворени 120.000 работни места, истакна актуелниот и кандидат за претседател Ѓорге Иванов на денешниот митинг во Виница.
Тој истакна дека потребни биле многу реформи, закони и промени да се создадат услови за странски инвеститори, но и домашните инвеститори да отвораат нови работни места.
Иванов посочи и дека политиката не се мери по празни ветувања, туку по отворање на нови работни места и создавање услови младите да останат во Македонија.
-Се прават нови патишта, се создаваат услови за привлекување на нови и нови странки инвеститори. Австриската компанија Текспорт ќе ја отвори својата трета фабрика во Македонија во Виница. Тоа ќе значи 200 вработувања за виничани. Добиени се сите дозволи и изградбата ќе почне во јуни. И компанијата Макпрогрес продолжува со инвестициите и се очекува уште 80 луѓе од Виниа да се вработат, така успева Македонија, нагласи Иванов.
Актуелниот и кандидат за иден претседател истака дека не само екномијата, туку ги поддржува и спортистите кои тимски работат, пејачите кои ја претставуваат Македонија кај и да одат, но и младите научници.
Иванов посочи и дека токму затоа го поддржува натпреварот за млад начник, но и Школата за млади лидери, бидејќи како што рече потребно е да се создаваат лидери за иднината кои со ист интензитет ќе продолжат да ја градат Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа