Кои скопски населби утре ќе бидат без вода?

 Поради технички зафати во електроенергетската мрежа утре без струја ќе останат делови од повеќе скопски општини.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека од 8:30 до 16 часот без електрична енергија ќе останат селата Ракотинци и Добри Дол, од 9 до 10 часот улицата „Саса“ крак 4 и 2 во населба Пинтија, а од 9 до 11 дел од улица „Прашка“ и булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во околината на зградата Импексел 1 и 2.

Во периодот од 9 до 12 дел од село Студеничани, до 14 дел од улиците „Браќа Чакареви“ и „Христо Батанџиев“, а до 15 часот улица „Црногорска“ бр. 6 и „Христо Татарчев“ бр. 22 (до хотел Најс).

Без електрична енергија од 9 до 17 часот ќе бидат улиците „7 Јули“, „Кримска“, „Прохор Пчињски“ и дел од „Пластичарска“.

Според информацијата, од 9:30 до 15 часот без струја ќе бидат жителите од улицата „Ѓорче Петров“ од бр. 1 до бр.10, дел од објектите кај кружниот тек, дел од дуќаните на пазарот, како и ТЦ Ѓорче Петров, улиците „Стрезово“, „Илија Плавев“, „Козле“ и „Милан Марковиќ“, а до 15:30 дел од улиците „Наум Пушкарев“ и „Хераклеа“.

01.04.2014 - 18:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега