Папата обвинет дека истерува духови - Ватикан демантира

 

 

Ватикан денеска ги отфрли тврдењата дека папата Франциско извршил егзорцизам, објавени на италијанската телевизија „ТВ 2000“ која емитува програма со религиозна тематика.

Во соопштението се наведува дека папата немал намера да изврши егзорцизам, туку едноставно сакал да се помоли за „лице со болки“, односно за момче во количка што е прикажано на видео снимка како папата го благословува.

На објавената видео снимка е прикажан папата како на кратко ги положува двете раце на главата на момчето за време на верскиот празник Духови.

 

најчитано сега