МВР ја стресе Преспа - пет лица уапсени во голема полициска акција

 

Во тек е голема акција на МВР во соработка со Инспекторатот од Министерството за земјоделство во Преспа. Според неофицијалните информации до кои дојде Press24, засега се приведени пет лица за кои МВР се сомничи дека се рибокрадци. Запленети се 1.500 метри мрежи и три кајчиња. 

Сеуште нема официјални информации за тоа колкава количина на риба е фатена, но, како што неофицијално дознаваме, се претпоставува дека станува збор за огромни количини.

 Акцијата е сеуште во тек. Повеќе детали и официјална потврда за големата акција на МВР се очекуваат во текот на денот

 

најчитано сега