ФОТО: Го заклучиле и измачувале со денови - детенце преживеало хорор
Татко и мајка која е во осмиот месец од бременоста, се уапсени откако е откриено дека малтретирале и измачувале петгодишно детенце.
Полицијата од Тексас дојде во куќата на 33-годишниот Тим и 24-годишната Бредли кои откако се скарале со нејзиното синче, го заклучиле и за жал го измачувале со денови.
Кога полицијата стигнала на местото на настанот и го пронашла детенцето, сликата била ужасна. Детето било изгладнето речиси до смрт, му се познавале сите коски на телото, и делувало како да е излезено иизмачувано во Аушвиц.
Командирот на полицијата вели дека никогаш не видел нешто слично во кариерата. - Долго време работам но ова беше шок. Детето е буквално неухрането. Беше полно со модринки и спиеше на валкан душек, вели тој.
Инаку, мајката на детето е бремена со шестото дете.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа