Меркел е виновна за неуспехот на Германците на Евросонг!
Германција ја обвинија германската канцеларка Ангела Меркел за дебаклот на Евросонг 2013.
Германските претставници, групата „Каскада“ предводена од пејачката Натали Хорлер кои не добија ниту поен од земјите кои гласаа, ја обвинуваат Меркел, за како што велат политичката ситуација која прдонела за ова.
- Нема да речам дека тоа беа 18 поени за Ангела Меркел, но треба да се има на ум политичката ситуација. Мораме да бидеме свесни дека не беше само „Каскада“ на сцена, туку дека и се судеше на цела Германија, вели Томас Шрајбер, координатор на ТВ мрежата АРД.