Со 65 убоди малолетничка ја убила својата другата поради слика на Facebook
16 годишната тинејџерка од Мексико, Елизабет Гутиерез 65 пати ја избодела со нож својата најдобра другарка 16 годишната Анел Баез бидејќи на Facebook поставила разголена фотка од нив две.
“Можеби изгледа како да сум многу мирна, но во мојата глава јас те убив најмалку 3 пати“ - напишала Гутиерез на Твитер.
На Анел не и изгледале опасно ниту заканите од Елизабет дека треба да биде среќна ако го доживее крајот на годината.
Нивната тинејџерска караница добила кобен пресврт на 19 март кога Анел ја викнала Елизабет да дојде кај неа дома за да се смират. Во еден момент Елизабет рекла дека ќе оди до купатилото, но заминала во кујната од каде зела нож и брутално ја нападнала Анел. Ја избодела 65 пати.
По убиството побегнала од местото. Дури се обидела да се прикрие појавувајќи се на погребот на другаката каде што била и уапсена. Бидејќи е малолетна, согласно мексиканскиот затвор, максималната казна за неа е 7 години затвор
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа