Јанкулоска: Заев и Шекеринска сакаат да станат власт а не сакаат да излезат на избори

 

До СДСМ, и покрај седум катастрофали изборни порази, очигледно не допрела пораката на граѓаните, оцени денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

- Ваквото однесување на опозицијата во целост го рефлектира нивното политичко однесување. Тие се обидоа да направат кампања под мотото на промени и на промовирање нови лица, но од она што јас можам да го видам нема ништо ново во тоа што го нуди СДСМ. Ниту Заев е нешто ново, ниту Шеќеринска која изгуби два пати катастрофално на парламентарни избори, а уште помалку нов лик во политиката е Стево Пендаровски, кој практично како советник на Бранко Црвенковски учествувал во сите погубни политики, кои Црвенковски од позицијата која ја извршувал ги креирал за Република Македонија. Обидот да наметнат атмосфера дека таму се случуваат промени очигледно е бесуспешен затоа што аргументите не се на нивна страна, изјави Јанкулоска, одговрајќи на новинарско прашање по промоцијата на кампањата „Недела за безбонсот на пешаците“.Овие два следни изборни процеси претседателските и парламентарните, смета таа, ќе бидат уште една дополнителна порака од граѓаните каде што јасно ќе им се стави до знаење дека кога барате од некого доверба должни сте да им ја кажете сопствената понуда, како што ние, подвлече, тоа го правиме со програма од над 1.200 проекти и со отчет на 258 страници за се што е сработено, но и за она што не е завршено.

- Ваквото однесување на опозицијата во целост го рефлектира нивното политичко однесување. Тие се обидоа да направат кампања под мотото на промени и на промовирање нови лица, но од она што јас можам да го видам нема ништо ново во тоа што го нуди СДСМ. Ниту Заев е нешто ново, ниту Шеќеринска која изгуби два пати катастрофално на парламентарни избори, а уште помалку нов лик во политиката е Стево Пендаровски, кој практично како советник на Бранко Црвенковски учествувал во сите погубни политики, кои Црвенковски од позицијата која ја извршувал ги креирал за Република Македонија. Обидот да наметнат атмосфера дека таму се случуваат промени очигледно е бесуспешен затоа што аргументите не се на нивна страна, изјави Јанкулоска, одговрајќи на новинарско прашање по промоцијата на кампањата „Недела за безбонсот на пешаците“.

Она што загрижува, истакна таа, е нивниот пристап кон граѓаните односно кон гласачите бидејќи се чини дека имаме еден уникатен пример каде што Заев и Шекеринска претендираат да станат извршна власт, но не сакаат  да излезат на избори, сметаат, подвлече, дека тоа е нешто што нив природно им припаѓа и оти граѓаните се тука само за да се задоволи некоја форма. 

- Поминаа времињата кога без избори се стануваше функционер во извршната власт. Македонија е демократска држава и граѓаните одлучуваат кој ќе биде или не премиер, а тоа се прави исклучиво на избори, порача Јанкулоска.

 

На новинарско прашање во однос на анализите на грчките медиуми за Стево Пендаровски, Јанкулоска децидна дека очигледно тој е фаворитна грчките медиуми, а фаворит на македонските граѓани е Ѓорге Иванов.

01.04.2014 - 12:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега