ВИДЕО: Најсреќната двојка во светот- добиле три лото добивки во еден месец
Калвин и Затер Спенсер од Вирџинија, САД, слободно можат да се наречат најсреќната двојка во светот. Тие во период од еден месец оствариле добивки на државната лотарија дури три пати.
Првата добивка ја оствариле на 12 март кога ги погодиле сите пет извлечени броеви на лото и освоиле еден милион долари. Втор пат им се насмевнала среќата на 26-ти март, кога добиле 50.000 долари. А следниот ден Калвин купил грепка од Virgina Lotteryja на која што „изгребал“ еден милон долари.
Среќниот пар изјавил дека сè уште не се завршени и дека и понатаму планираат да играат игри на среќа и да освојуваат пари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа