На 6 април женска трка во Градскиот парк во Скопје

 

На 6 април во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи 2-та Женската трка. Минатата година за прв пат беше организирана ваков вид на трка. Таа е една од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот Маратон 2014. Трката е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје. Целта на женската трка е превенција од заболувањата преку активно вежбање и привлекување на што поголем број жени да се вклучат во некоја од трките на Виз Ер Скопскиот маратон 2014.

 Трката нема натпреварувачки карактер, сите учеснички што ќе ја завршата трката се победници. По завршувањето на трката е предвидена лотарија за учесничките каде ќе бидат доделени награди од спонзорите.

 Подржувачи и промотори на трката се Искра Јовановска, која преку социјалните мрежи ја формираше групата за рекреативно трчање “Трчаме Заедно”, иницијатива за покренување на свеста кај жените за водење на здрав живот преку рекретивно трчање и пејачката Викторија Лоба, која редовно практикува рекреативното трчање.

Трката ќе се одржи в недела на 6 април стартот е во Градскиот парк кај Школка.  Во 10.30 започнува загревањето со аеробик вежби. Во 11 часот стартува трката. Ќе се трча 1.000 метри, еден круг околу Градскиот парк.

Заинтересираните може да се информираат и пријават на официјалната интернет страница на http://skopskimaraton.com.mk/zenska-trka/ .  Пријавувањето ќе трае до 3 април.

 Трките од овој карактер постојат насекаде во светот со иста цел подигајќи ја свеста на жените дека не е доцна да почнеме со активност.

Оваа година Женската трка ќе биде дел од светските настани кои ќе се одржат на 6 април по повод Меѓународниот ден на спортот за развој и мир. Овој ден ќе се одбележува секоја година, започнувајќи од оваа година, од страна на земјите-членки на Обединетите нации и други партнерски организации во чест на важната улога на спортот во општеството, дали преку поттикнување поздрав начин на живот и правејќи го спортот достапен за секого или користејќи го спортот како средство за развој во областите зафатени со конфликт, сиромаштија и нееднаквост. Повеќе информации за Меѓународниот ден на спортот за развој и мир може да најдете на http://www.april6.org.

 

Како дополнителна најава за учесниците на главната манифестација, Скопскиот Маратон 2014, сите оние кои ќе го пријават своето учество до 10-ти Април ќе добијат свој уникатен стартен број со нивното име испишано на него. Конечно, благодарение на генералниот спонзор Виз Ер, секој пријавен на Скопскиот маратон 2014 година ќе добие попуст од 20 евра за своето следно патување кое ќе го реализира со авионските линии на Виз Ер. За да го добиете овој ваучер треба да се регистрирате на веб страната на маратонот, и да ја уплатите котизацијата за учество. Потоа на Вашата мејл адреса оставена при регистрацијата, ќе го добиете Вашиот WIZZ  вредносен ваучер кој ќе може да го искористите најдоцна до 1-ви декември 2014.

 

 

За сите дополнителни информации, посетете ја веб страната на Скопски Маратон www.skopskimaraton.com.mk .

01.04.2014 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега