ВИДЕО: Гром удрил во авион дури три пати
Авионот кој летал од Амстердам кон Бирмингем беше удрен од гром дури три пати.
Додека летал кон Бирмингем, авионот зафатил олуја со грмотевици. Во еден момент патниците слушнале бука, но некренале голема паника, а ниту пилотот не се исплашил.
„Дами и господа, можеби забележавте дека авионот го удираа громови“ – со смирен тон соопштил пилотот откако авионот безбедно слетал.
Еден од патниците изјавил дека небото било многу темно и дека во еден момент слушнал бука, па си помислил дека нешто се случило со еден од моторите.
„Не беше застрашувачки, всушност беше многу возбудливо“ – вели патникот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа